Во просториите на Државната изборна комисија денеска ќе се спроведе ждрепка согласно Изборниот законик со која ДИК ќе ги распореди локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со истите.

Се повикуваат претставниците на правните лица кои доставиле понуди за рекламни паноа и билборди и поднеле локации и ценовници до ДИК да учествуваат во ждрепката, доколку нема присутен претставник од понудувачите, извлекувањето ќе го изврши лице од стручната служба. Се известуваат и заинтересираните политичките партии, учесници во изборниот процес, дека може да присуствуваат и да го следат процесот на спроведување на ждрепката за рекламни паноа и билборди. – соопшти ДИК.

OhridNews