Државната изборна комисија вечерва одржува седница на која разгледува повеќе информации и заклучоци како подготовка за претстојните локални избори.На дневен ред е извештајот за состојбата со Избирачкиот список и неговото ставање на јавен увид пред локалните избори во октомври.

На дневен ред е и одлуката за отворање канцеларии на Државната изборна комисија во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде што ќе се спроведува јавниот увид и собирањето на потписи за поддршка на листи на кандидати, како и решението за исплата на трошоци на вработените кои се упатуваат да вршат јавен увид и собирање потписи за листи на кандидати за локалните избори.

ДИК ќе го разгледа и собирањето на потписи за независни листи на кандидати.