Во општина Струга, од вкупно регистрираните 56.341 гласачи, правото на глас го оствариле 35.545 граѓани, односно 63,09%, информираат од Државната изборна комисија.

За кандидатот за градоначалник од ДУИ, Арбен Љабеништа гласале 9.354, односно 26,52%, за заедничкиот кандидат од СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ, Владо Кочоски се изјаснале 14.497- 41,11% од гласачите и кандидатот од ДПА, Зиадин Села освоил 11.414 односно 32,37% од гласовите.

Неважечки ливчиња биле 280.  

OhridNews