Според неофицијалните податоци на Државната изборна комисија, во општина Охрид правото на глас на локалните избори го оствариле 33.774 граѓани, односно 63.93% од запишаните гласачи.

За кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Јован Стојаноски, гласале 18.262 или 54.07%, за кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски 13.560 или 40.15% од гласачите. Независниот кандидат Стевчо Стевовски освоил 679 гласа, односно за него гласале 2.01%.

Податоците се добиени со обработка на податоците од сите 89 гласачки места во општина Охрид.

OhridNews