Еден од најдобрите дефанзивци во НБА лигата, Дикембе Мутомбо влезе во алејата на бессмртните откако Атланта Хоук го повлече неговиот дрес од понатамошна употреба.
Тој за „јастребите“ настапуваше пет сезони од 1996 од 2001 година во кои четири пати беше прогласуван за најдобар дефанзивец во НБА лигата.
– Никогаш не помислував и не се надевав дека ќе ми оствари ова, но еве сега мојот сон станува реалност. Им благодарам на сите соиграчи и фанови за довербата. – рече Мутомбо.
Свечената церомонија за повлекувањето на дресот беше одржана на полувремето од мечот меѓу Атланта и Бостон Селтик.
Ohridnews











