Зградата на здравствениот дом Охрид, познатата Маларична, која е во исклучително лоша состојба, ќе се реконструира, или ќе биде изграден нов објект на друга локација. Ова се дилемите кои се уште не се разрешени од страна на надлежните институции, но каква и да биде одлуката за маларичната во Охрид на министерството за здравство, локалната самоуправа ќе даде свој придонес за подобрување на условите за лекување на граѓаните.

Ние како Локална самоуправа може да дадеме придонес само со сугестии за дислокација или реконструкција на здравствениот дом Охрид, но тоа сепак е во ингеренции на Министерство за здравство. Зависно од програмите на минситерството ние како локална самоуправа ќе помогнеме да се забрза постапката за изнаоѓање нова локација или ќе соработуваме да се изнајде најдобро решение за реконструкција на објектот, изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. 

Тој додаде дека во моментов не е запознат до каде е реализацијата на програмата за реконструкција на здравствените домови која ја води министерството за здравство, и дека јавноста ќе биде информирана за намерите кога таа ќе биде донесена.

OhridNews