26-годишниот Димче Ашталкоски, прв доплива до чесниот крст што по повод празникот Водици денеска беше фрлен во водите на Црн Дрим во Струга.

Ашталкоски прв пат скока по крстот, а како што изјави за медиумите, се решил да го направи тоа по сон што го сонил пред две недели.

На верската церемонија во Струга присуствуваа неколку илјади граѓани.

OhridNews