Со завршувањето на мандатот на екс градоначалникот Александар Петрески, заврши мандатот и на претходниот секретар на општината, Димитрија Вревезоски.
Согласно законот за државни службеници, оваа функција во локалната самоуправа е единствената која е поврзана со мандатот на првиот човек на општината и завршува по автоматизам- по завршувањето на мандатот на органот кој го именувал секретарот, односно градоначалникот на општината.
Согласно законот за државни службеници, секретар може да биде лице од редовите на раководните државни службеници, со завршено високо образование и да има најмалку три години искуство во раководно звање во државна служба или пак, да биде вработен во јавната администрација, со завршено високо образование и три години искуство на раководно работно место и со положен испит за државни службеници.