Фудбалерите на Атлетико Мадрид се искачија на втората позиција на табелата, откако со минимални 1-0 го совладаа тимот на Рајо Ваљекано во дуелот од 24-та рунда во шпанската Примера.

Стрелец на погодокот вреден три бода за „јорганџиите“ беше Ентони Гризман, кој во 78-та минута го матираше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Со триумфот над Рајо Ваљекано избраниците на Диего Симеоне им се вратија на победите и ставија точка на серијата од два порази. Во претходните два мечеви Атлетико изгуби од Бетис односно Реал Мадрид.

OhridNews