Поразот од Охрид во последната рунда од 2-1 ја прели чашата на незадоволството кај челниците на Хоризонт Турново кои се разделија со шефот на стручниот штаб Драган Христовски.


Екипата на денешниот натпревар против Пелистер во Битола во купот ќе ја водат Томе Петров и Ване Стојанов, тренери кои подолго време работат во клубот. По осумте одиграни кола екипата на Хоризонт Турново се наоѓа на 8-мо место со 8 освоени бодови. Турновци подобро играат на гости , отколку дома каде претпреа порази од  Тетекс, Напредок и Охрид.


Христовски е четвртиот тренер кој добива отказ или ја напушта тренеескаа клупа. Пред самиот старт на првенството тоа му се случи на Билбил Соколи од Ренова, слабите резултати значеа смена на Николче Здравески од 11 Октомври, а поради истата причина  “настрада“ и Здравко Цветаноски од Охрид.

М.П.