По три неделна пауза викендов продолжуваат натпреварите во Втората Македонска фудбалска лига. Составот на “градежниците“ што во последниот меч пред паузата се радуваше на минимална победа над Цементарница со 1-0, очекува да продолжат во исти стил и во продолжението.


На Градскиот стадион на “Срц Атина Бојаџи“ доаѓа екипата на Беласица, која во втората полусезноа со добрите резултати се наметна како еден од сериозните кандидати за обезбедување на бараж меч.

– “Кенгурите“ нема што да бараат во Охрид. Бодовите се од исклучителна важност за нас, комплентни сме, добро ја искористивме паузата за што подготвени да влеземе во продолжението на првенството, каде примарна цел е обезбедување на опстанокот – вели офанзивниот играч за врска Христијан Димоски.

Охрид Лоте во првиот натпревар претпре пораз од 4-1 и за охриѓани ова ќе биде одлична можност да се реваншираат за тој пораз но и со победа да заполоват во мирни води кога е во прашање опстанокот.

М.П.