Овој податок денес го соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски на кого во рамки на одбележувањето на Денот на македонската полиција му беше доделена благодарница за посебен придонес и постигнати посебни резултати во професионалното и транспарентно работење .
– Чест, задоволство но и голема одговорност се благодарниците што ни се доделуваат денес на Денот на полицијата. Тие се израз на огромната доверба и почит од колегите за нашиот придонес во успешното работење на СВР Охрид. Овие признаниа подеднакво припаѓаат на сите припадници на СВР Охрид кои се посветиле и несебично се вградиле во изградба и зачувување на безбедноста на граѓаните. Признанијата обврзуваат на натамошно уште поголемо залагање во работата, изјави Димоски по примањето на благодарницата која му беше врачена од страна на началникот на СВР Охрид, Зоран Серафилоски.
Освен Димоски, благодарници за постигнати особени резултати добија и првите луѓе на Одделението за криминалистичка полиција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај.
Како што беше потенцирано, оперативците од оделението за криминалистичката полиција во првите 4 месеци од оваа година, расветлиле 115 казнени дела што претставува зголемување во однос на расветлените 108 казнени дела во истиот период лани. Одделението ја зголемило својата ефикасност за 1 процент и сега таа изнесува 65 проценти.
Поволни се резултатите и во областа на економскиот криминалитет, при што во првите четири месеци од годината, се регистрирани 12 кривични дела што е намалување во однос на 28-те регистрирани во истиот период лани.
Во овој период расветлени биле 81 тешка кражба што е зголемување на откриените вакви дела од истиот период лани кога имало 72 расветлени тешки кражби. Во областа на безбедноста во сообраќајот , минатата година на подрачјето на Охрид се случиле 333 сообрачајни незгоди со 3 жртви.