Отидоа во Скопје колку да се одигра, за клубот да не се соочи со репрекусии, а се вратија со огромни три бода и скалп на најевропскиот македонски тим Работнички. Фудбалерите на Охрид 2004 кои побараа смена на управата на клубот, се издигнаа над сите проблеми и го одиграа можеби најдобриот меч сезонава совалдувајќи еден од фаворитите во шампионатот.


–    Цела недела имавме турбуленции во клубот, неколку дена не трениравме и не се знаеше дали ќе отпатуваме да играме, се консолидиравме и отидовме на “Филип Втори“ да се надигруваме. Сите не сметаа за големи аутсајдеи , а “романтичарите“ веќе ги имаа впишано трите бода на свое конто, тоа не се случи мечот го одигравме на едно високо ниво и може да жалиме што не го совладавме Работнички со повеќе разлика – истакна Димоски

Трет меч во низа погодува Димоски , а сите негови погодоци беа одлучуваки. Против Турново за победа, погодокот против 11 Октомври донесе бод, додека погодокот против Работнички донесе триумф кој силно одекна во Охрид.

–    Доста размислував при приемот на топката со која нога да бијам, во последен момент се одлучив да ја пласирам што се покажа како добитна комбинација. Посебно е чувстото кога ќе се погоди мрежата на “Филип Втори“, а исклучително ми е драго што со овој гол “чекиравме“ три бода – рече Димоски.

М.П.