Хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ (33 години, 185 цм) ќе го носи дресот со бр.12 миниум 2 сезони.

Дино e роден во Ријека. Во ГРК Охрид доаѓа од француското првенство екипата на Лимoж каде мина 3 сезони, а претходно го носеше дресот на Загреб и Адемар Леон.

Има и забележителни настапи за хрватската репрезентација.

Сметам дека Охрид е еден добар проект, разговарав многу со играчите и управата. Имав неколку понуди, но се одлучив за Охрид, резултатите се се`подобри од година во година, клубот напредува. Слушнав се најдобро за Охрид како клуб и место за живот. Среќен сум што доаѓам тука и се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги исполни сите амбиции кои ги има. Македонската лига од година во година е се подобра, ќе се игра и Европа и тоа ќе биде дополнителен мотив. – изјави Дино Славиќ.