Традиционалните вечери на фестивалот „Охридско лето“ што досега се одржаа, Вечер на Европска унија, Српска вечер, Италијанска вечер и Француска вечер беа вистински празник за љубителите на културата. Концертите одржани во рамките на овие вечери ги донесоа најдобрите уметници од нивните земји, а во редовите на публиката беа и дипломатите кои упатија зборови на пофалба и благодарност до националната установа која 62 години ја негува традицијата на најзначајната културна манифестација во земјата.

  • „Охридско лето“ е празник на културата. Посебно сакам да изразам благодараност до директорката Наташа Поповиќ и на сите за организацијата на Српската вечер на „Охридско лето“. Остануваме посветени на меѓусебната соработка, рече министерот министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ на отварањето на Српската вечер на „Охридско лето“ на која настапи виолинист со светско реноме Стефан Миленковиќ заедно со ансамблот „Камерата Нови Сад“.

Делегацијата на ЕУ веќе шеснаесет години непрекинато го поддржува организирањето на настанот „Вечер на Европската Унија” во рамките на фестивалот „Охридско лето”. Вечерта на Европската унија беше неповторливо патување низ светот на класичната музика со чешките уметници од Дуо Ди Прага, Леош Цепицки и Иван Вокач.

  • Многу ми е драго што сум на настанот Европска вечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“ . Ова е долга традиција што ги собира на едно место уметниците од цела ЕУ заедно со македонската публика и македонските уметници, и уметниците од Западен Балкан. Драго ми е што заедно ќе ја прославиме културата во овој историски момент во врска со отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ. Мислам дека ова е доказ за тоа што може да се донесе и од ЕУ и од С. Македонија од нашата заедница, какво што е членството во ЕУ. Голема благодарност до директорката на фестивалот „Охридско лето“ за организацијата на овој настан, изјави Н.Е. евроамбасадорот Гир.

 

Катедралната црква Св. Софија беше исполнета до последно место и на Италијанската и Француската вечер на која настапија сопранистка Дариа Масиеро и пијанистот Андреа Кампора од Италија , односно квартертот „Агат“ од Франција..

  • Како Амбасадор на Италија дозволете ми да ве уверам уште еднаш дека ќе продолжиме да ги зајакнуваме веќе одличните културни врски меѓу нашите две земји и во секое можно поле на културната соработка и поконкретно со прекрасниот УНЕСКО град Охрид, рече Н.Е. италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.
  • Би сакал да и заблагодарам на Госпоѓата Наташа Поповиќ, директорка на Фестивалот „Охридско лето“, која што предлага секоја година програма со многу голем квалитет, посебно со италијанската и француската вечер што ние ги поддржуваме и кои воедно претставуваат привилегирана можност да се откријат нови таленти на класичната музика од нашите две земји, кажа Н.Е. францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бoмгартнер.

До крајот на 62-то фестивалско издание на Охридско лето, ќе се одржат уште и Американска и Шпанскаа вечер.

OhrdNews