Директна средба помеѓу студентите и претставници од компании, со фокус на можности за пракса, вработување и понатамошен професионален развој беше целта на првиот Саем за кариера кој денес се одржа на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид.Јасмина Андоноска раководител на Центар за кариера при УИНТ „Св. Апостол Павле“ посочи дека студентите имаат можност да се запознаат со локалните компаниите, особено во регионот Охрид, Струга, Битола, Прилеп, што нуди ИТ секторот за да го надоградат својот професионален развој, да видат какви пракси се нудат, вработувања за понатаму, како и да се поврзат компаниите со студентите.

Саемот е самиот студент да одлучи што сака да работи откако ќе заврши со студиите на Универзитетот. Во последните две години на две студиски програми е многу зголемена бројката на запишани студенти, претходно беше доста атрактивен смерот комјутерски науки и инженерство, сеуште има интерес, но е доста покачен процентот за комуникациски мрежи и безбедност, сајбер безбедност, како и за машинска интелегенција и роботика. Имаме соработка со компании од Охрид, денес ќе слклучиме и договор со една која е присутна тука на Саемот, а имаме склучено договори за пракса и вработување и со компании од Скопје, посочи Андоноска.

Студентот по компјутерски науки и инженерство Наум Градакоски од Вевчани истакна дека Саемот е одлична можност за поврзување како со поискусните студенти, така и со компаниите.

Тука сум со цел да дојдам до конекции, до совети од поискусни колеги кои се веќе долго време во овој сектор. Ја избрав оваа струка бидејќи од мал имам интерес за комјутери и гледам многу голем потенцијал за работа, рече Градакоски.

На Саемот на поставени штандови пред студентите беа презентирани можностите за пракса, кариера и вработување од шест компании од регионот, како и две невладини организации.

Ова е прва наша соработка со Универзитетот и прв Саем кој го организираат. Овие настани се исклучително важни не само за бизнисите, туку и за самите студенти, зошто студентите се тие кои се иднината на нашата земја. Со силна младина, која ќе остане тука, ќе ја гради кариерата тука ќе успееме да имаме заеднички бенефит и компаниите и самите студенти. ИТ секторот кој го градиме ни е сеуште во развој и од 2026 година планираме да имаме практиканти. Гледаме голем потенцијал кај младите во Охрид во поглед на потребите кои ги имаме како компанија, вели Петар Бушовски од компанијата „Fleet Solutions“.

Сметам дека ваквите иницијативи се одлична можност младите да се запознаат со можностите кои компаниите ги нудат во Македонија и кадарот кој го имаме моментално може да остане во Македонија од причина што имаме доста работни места кои бараат се повеќе и повеќе нови вештини на работа, нови знаења, а сметам дека компаниите здружени со факултетите како оваа иницијатива токму денес можат тоа да го овозможат, рече вели Стефани Неделкова Кузманоска од компанијата „Микросан“.

И сметам дека преку заедничка соработка која ја имаме со Универзитетот од Охрид и другите факултети во државата може да постигнеме врвен кадар. Вештините кои ние ги нудиме заедно со факултетите мислам дека може да ги задоволат овие барања и да учат на најновите технологии, додаде Неделкова Кузманоска.

Во рамки на Саемот пред студентите беа одржани и три презентации од компании кои беа присутни на истиот, каде студентите беа запознаени со тоа какви пракси нудат, за понатаму ако се заинтересирани да можат да се пренасочат во текот на нивните студии.

Фото галерија:

Саем за кариера на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска