Царинската управа на Република Македонија денеска и утре во Охрид, е домаќин на највисокиот годишен состанок на директорите на Царинските управи од европскиот регион во рамки на Светската царинска организација (СЦО).

На конференцијата која започна утрово присуствуваат директори и претставници на Царинските управи на 52 земји од Европа и Азија, генералниот секретар на СЦО – Кунио Микурија, високи претставници на Европската комисија и на Владата на Република Македонија.
 
Наа конфеенцијата се обрати потпретседателот на Владата за економски прашања и министер за финансии, Зоран Ставрески, а поздравни говори одржаа и директорот на Царинската управа на Македонија, Ванчо Каргов и потпретседателот на европскиот регион на СЦО Ален Бело.
 
Светската царинска организација, основана во 1952 година како Совет за царинска соработка, е независно меѓувладино тело чија мисија е зајакнување на ефикасноста и ефективноста на царинските управи. Европскиот регион го сочинуваат 52 царински служби, а ваквите конференции кои се одржуваат секоја година од основањето на СЦО, претставуваат највисок форум за одлучување на директорите од регионот, пред годишниот Совет  на Светската царинска организација. На конференцијата ќе се обработувааат  актуелни теми кои се однесуваат на развојот на Царината во 21 век, и активностите на СЦО во насока на справувањето со предизвиците пред царинските служби од Европскиот регион.

На конференцијата  присуствуваат околу 120 делегати  кои покрај формалниот дел на конференцијата ќе имаат можност да ги посетат и да уживаат во културните убавини на Охрид и Република Македонија. За сопругите на директорите предвидена е посебна програма, како и средба со првата дама на Република Македонија.

OhridNews