Во целост ги отфрламе обвинувањата изнесени на денешнатапрес-конференција на општинската ВМРО ДПМНЕ, велат од НУ „Охридско лето“, од каде додаваат дека изнесените невистини само го рушат реномето на најголемата музичко-сценска манифестација која успешно опстојува веќе 60 години.
- Јануарската плата доцни поради чекање на уважувањето на согласноста од Министерството за финансии на Република Северна Македонија за вработувањата за кои обвинувате. Постапката е целосно законска, започната во 2019 година со добиена согласност за истата. Во овој изминат период се чекаше уважување на согласноста за 2020. Од друга страна не се работи за никакви партиски вработувања, тоа се лица кои и претходно работеле во Установата со договор на дело, вели директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.
Поповиќ ги отфрла како невистинити и тврдењата дека е добиено негативно мислење за годишниот план за вработување за 2019 година.
- Потенцираме дека целата постапка се одвиваше законски со објавување на оглас од страна на Агенцијата за администрација. Се прашуваме која е причината за ваквите обвинувања токму од лица кои беа редовни посетители на настаните на минатогодишната програма за кои пак редовно бараа гратиси. Наместо пофални зборови за беспрекорната организација денес слушаме само обвинувања за Фестивалот, вели Поповиќ.
OhridNews












