На Меѓународниот ден на лицата со попреченост директорката на СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо” Струга, Бесиме Јонузи, наградена за посебни достигнувања во инклузивното образование на настанот „Ability Awards 2025“ кој има за цел да ја промовира инклузијата и да поттикне создавање еднакви можности за сите граѓани.

Директорката Јонузи беше номинирана и доби наградата како една од најинспиративните учесници кои со својот пример го менуваат начинот на кој ја разбираме инклузијата. Нејзиниот последен проект „Изградба на лифт, подвижни скали за деца со попреченост во нашето училиште” се доказ дека различноста не е пречка, туку богатство што нè обединува, велат од училиштето.

За мене претставува исклучителна чест оваа номинација и оваа награда како директорка на училиште кое денес се трансформира во вистински инклузивен простор, рече во обраќањето Јонузи.

Ова признание не е само лично – тоа е признание за нашата заедничка работа. Дозволете да споделам еден момент што длабоко ме трогна. Во ноември минатата година, за време на една манифестaција во Струга, ми пријде една мајка со двајца прекрасни сина кои се движеа со количка, и ме праша со многу надеж: „Мојот син ќе учи во вашата Гимназија. Дали имате барем и минимални услови тој да се чувствува еднаков?“ Тоа прашање ме погоди во срцето, затоа што секоја мајка има право да ги гледа своите деца како напредуваат, а секое дете има право на еднаков пристап до образованието. Токму тогаш решив – во нашето училиште повеќе нема да се зборува за можност, туку за обврска. Обврска да создадеме услови, да ги отвориме вратите, да не оставиме никого надвор.

Денес, вели е горда што се реализирани проекти кои менуваат животи: лифт, подвижна платформа за скали, прилагодени тоалети за ученици со попреченост.

Овој проект, со својата тежина и вредност, ги стави во сенка сите други проекти реализирани во изминатите 8 години. Ова не се само инвестиции – се пораки, дадени и исполнети ветувања, доказ дека општеството се менува кога сакаме и кога работиме силно да биде праведно за сите. Оваа номинација ме мотивира со уште поголема посветеност да продолжам да градиме училишта каде секој ученик, без разлика на предизвиците, ќе се чувствува прифатен, почитуван и вреднуван, додаде Јонузи.

На настанот беа наградени 20 поединци и компании што го поттикнуваат и унапредуваат квалитетот на животот на лицата со попреченост. Истиот се одржа во пресрет на 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост во организација на платформата „Абилитист“ којашто се бори за инклузија на овие наши граѓани.

OhridNews