Директорот на ЈП Комуналец, Сашо Алчев, деновиве учествува на  интернационалната конференција и работилница на тема “Оддржливо управување со цврст отпад” која се одржува во Плок- Полска.


На конференцијата учествуваат претставници од неколку земји од Централна и Источна Европа, а на неа, меѓу другото,  се предвидени предавања од експерти и универзитетски предавачи за изнаоѓање на нови методи и начини за искористување на цврстиот отпад како суровина, енергетските можности во управувањето со цврст отпад, како да се финасираат иновациите и инвестициите во претпријатиата кои се задолжени за одржување на хигиената.


Конференцијата е во организација на Институтот на Обединети Нации за истражување и развој-УНИТАР, Cifal- plock, Универзитетот за технологии-Варшава.

OhridNews