Четири наставници се прогласени за просветни работници во изминатата учебна година, а признанијата им ги додели Сојузот на просветни работници на Македонија, по повод Светскиот ден на учителот, 5-ти Октомври.

Меѓу наградените се : Муамер Доко од охридското основно училиште „Братство и единство“, во категоријата од заедниците, Лила Арсова од велешкото основно училиште „Васил Главинов“, за одделенска настава, м-р Матилда Бајкова од скоспкото „Вера Циривири-Трена“, во категоријата предметна настава, Гордијана Ѓоргова, во категоријата средно образование.

Признанијата им ги додели заменик-претседателката на Сојузот, Лидија Николовска-Георгиевска.

OhridNews