Министерката Канческа Милевска рече дека признанието претставува чин на искрена благодарност до Новиков и театарот од Санкт Петерсбург за сето она што го имаат направено во текот на изминатите години во насока на продлабочувањето на соработката во областа на театарската уметност, но воедно и пријателството меѓу двете земји.
-Јас искрено се надевам дека ова призние ќе придонесе за продолжување и продлабочување на културната и меѓународна соработка помеѓу Македонија и Русија, рече Канческа Милевска.
Во рамки на доделувањето на признанието, Новиков меѓудругото рече дека е многу задоволен од досегашната соработка со фестивалот Охридско лето, македонските актери и режисери и изрази надеж дека оваа соработка и понатаму ќе се продлабочува.
Фото -Кирил Јорданоски