Дирекцијата за заштита и спасување, будно ја следи состојбата со временските прилики во земјава и доколку има потреба, подготвена е да реагира при евентуално снежно невреме, пренесува „макфакс“.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, во земјава не се очекуваат обилни снежни врнежи. Сепак Дирекцијата ги има преземено сите подготвителни мерки и активности за успешно и ефикасно справување со евентуалните опасности од обилни снежни врнежи.

Исто така, Дирекцијата за заштита и спасување е во постојана комуникација и координација со единиците на локалната самоуправа, ЈП ,,Македонија пат”, како и со градежните компании со кои има склучено договори за ангажирање на механизација за расчистување на патните правци. и е подготвена, доколку има потреба, да ги ангажира тимовите за брз одговор за заштита и спасување на населението.

OhridNews

извор: „Макфакс“