Младински Центар Охрид денес организира настан посветен на менталното здравје во просториите на Центарот од 18:00 часот на тема „Пристап до услуги – Ментално здравје при катастрофи и вонредни состојби“.

Оваа година, фокусот е на обезбедување на поддршка за лица погодени од конфликти, катастрофи, раселување и други кризни ситуации, како и за хуманитарните работници во теренски услови, информираат организаторите.

На настанот ќе говорат лиценцираните психолози Кети Маркоска и Сања Наковска.

Настанот ќе вклучува и дискусија, како и креативна вежба за практикување свесност преку уметност. Дојдете да учиме, разменуваме искуства и да се потсетиме колку е важна нашата психичка здравствена поддршка, додаваат од Младински Центар Охрид.

OhridNews