Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги информира граѓаните дека заради посетата на Генералниот секретар на Обединети Нации, Бан ки Мун, во деновите 23.07.2012 год.(понеделник), 24.07.2012 год. (вторник) и 25.07.2012 год. (среда), контејнерите од улиците „Булевар Туристичка„ и „Македонски Просветители„ ќе бидат дислоцирани од овие сообраќајници. Контејнерите ќе бидат поставени во блиските комплекси и споредни улици.
– Се надеваме дека граѓаните ќе имаат разбирање и апелираме во овие денови да не го депонираат несоодветно отпадот, велат од јавното претпријатие.












