Мерцедес во најновото соопштение наведе дека Розберг ја прифати одговорниста за сударот со Хамилитон на ГН на Белгија. Челниците на Мерцедес и возачите имаа состанок и повторно разговараа за споменатиот инцидент. На возачите им беше дадено зелено светло да продолжат во понатамошните трки слободно да се тркаат до крајот на сезоната, но нагласено беше дека ваквите инциденти нема да се толерираат.
Тото Волф и Пади Лав јасно им ставија до знаење на Нико и Луис каква борба од нив очекуваат во следните трки.
“Нико во текот на состанок ја призна својата одговорност во контактот што се случи во вториот круг на ГН на Белгија и се извини за својата грешка и лошата проценка“ стои во соопштението на тимот.
OhridNews