Скапо го платија охридските ракометари, инцидентот кој битолчани го испровоцираа на мечот Охрид – Пелистер кој заврши со победа на охриѓани 24-21.

Најдебелиот крај го извлече “пивотменот“ Анѓелкоски Тоше кој е суспендиран на шест месеци. Три меча суспензија доби ракометарот на охрид Филип Јованоски, додека голманот Пецаков Кирил доби само опомена.

Ракометниот клуб Охрид 2011 кој според дисциплинската комисија лошо го организирал натпреварот доби парична казна во висина од 30 илјади денари.

Ракометарите на Пелистер Ј, голманот Игор Најдевски заработи три меча суспензија, додека бекот Најдевски заработи шест месечна сусензија.

Ohridnews