И покрај бројните апели на надлежните, очигледно е дека еколошката свест на поединци и понатаму е на ниско ниво. Отпадот го расфрлаат каде ќе стигнат, воопшто не грижејќи се за непријатната слика која останува зад нив и дивите депонии кои секојдневно имаат можност да ги видат бројните гости кои се упатуваат кон плажите на крајбрежјето.
Од јавното претпријатие „Охридски комуналец“, кое во неколку наврати ги чистеше дивите депонии во периферните делови на градот, потенцираат дека тие се резултат на непочитувањето на законот за јавна чистота и изостанувањето на ригорозни казни на инспекциските служби и надлежните органи.