Локалната самоуправа ги информира граѓаните дека дивоградбите изградени по донесувањето на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, односно по 24. 02.2011 г. нема да се легализираат.

– Во последно време видливо е дека диво се градат објекти и граѓаните мислат дека тие објекти ќе се легализираат. Ќе се легализираат бесправно изградените објекти до  донесувањето на Законот и по утврдувањето дека тие се градежно функционална целина, потенцираат од Локалната самоуправа.

OhridNews