Пи контроли извршени кај месноста „Студенец“ во атарот на струшкото село Радолишта, вчера попладнето во 4:30 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Франгово и Лабуништа, при граничната полиција регионален центар „Запад“, пронашле два трактори без регистарски ознаки, натоварени со буково огревно дрво.
Две лица кои вршеле бесправна сеча со моторна пила, откако ги забележале полициските службеници, избегале од местото оставајќи ги тракторите, моторните пили и другата опрема. При извршен увид, констатирано е дека се работи за бесправна сеча на дрво за огрев од околу 60 метри просторни кои, по консултација со јавен обвинител, се предадени на претставници на Шумското стопанство од Струга, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Полицијата во лов на дивокрадци кои ги пустошат шумите
По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.
OhridNews