Државниот инспекторат за земјоделство денеска го означи почетокот на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка.
Во рамки на денешната акција беа изловени 63 полово зрели единки, а од нив се оплодени и инкубирани 70.000 икри.
Денешните активности се одвиваа во соработка помеѓу Државниот Инспекторат за земјоделство и Хидробиолошкиот завод Охрид, а целосната програма е финансирана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Рибите кои беа уловени, на крајот на акцијата беа вратени во жива состојба во водите на Охридското Езеро, информираат од ДИЗ.

OhridNews














