Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат во просек за 1,72 отсто. Единствено поскапува Еуросуперот БС-98 и тоа за половина денар.

Цената на Еуросуперот БС-95 ќе остане непроменета, односно и натаму ќе се продава за 79,50 денари за еден литар, додека новата цена на Еуросуперот БС-98 ќе изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажната  цена на Еуродизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,00 денари, со што  новата цена ќе изнесува  70,50 ден/лит.

Екстра лесното масло за домаќинство поевтина за 1,50 денари, со што цената на овој вид на гориво изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,097 денари за еден килограм и новата цена на килограм мазут сега изнесува  45,043 ден.

OhridNews