Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на дизелот се намалува за 1,5 денар.Цената на екстра лесното за домаќинство за два денара, а цената на бензините останува непроменета.

Новата цена на Еуродизел ќе изнесува 71,50 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 60 денари за литар. Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 41,722 денари за килограм. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 останува непроменета и изнесува 80,50 односно 82 денара за литар.

OhridNews