Од ноќеска на полноќ, цената на дизелот се намалува за 3 денари за литар, додека на бензините за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

За три денари по литар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава за 108,5 денари, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,285 денари по килограм и ќе изнесува 49,597 денари.
OhridNews











