Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари, а бензините за 2 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

За 2,5 денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство и ќе чини 98 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,204 ден/кг и ќе се продава по цена од 48,110 ден/кг.
OhridNews











