Од ноќеска на полноќ дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 6,5 денари по литар, додека бензините поскапуваат за 0,5 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Согласно одлуката ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по цена од 85,50 ден/лит., додека ЕУРОСУПЕР БС-95 за 88,00 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 90,00 ден/лит.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 87,50 ден/лит., додека на Мазутот се намалува за 3,238 ден/кг и ќе изнесува 47,906 ден/кг.

OhridNews