Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за 6,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит, и ќе изнесува 97,00 ден/лит., додека на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 ден/кг. и ќе биде 44,410 ден/кг.
OhridNews










