Од ноќеска на полноќ дизел горивото во Македонија ќе се продава поскапо за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената  на бензините останува непроменета.

Новата цена на Еуродизелот изнесува 65,00 ден./лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 56,00 ден./лит.

Минимално се зголемува и малопродажната цена на мазутот кој ќе се продава за 41,165 денари за килограм.

OhridNews