Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит., на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит., додека на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,112 ден/кг.

Според оваа одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги од 27.о1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 33,099 (денари/килограм).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,721%, кај дизелот за 2,341%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,433% и кај мазутот зголемувањето е за 0,569%, велат од РКЕ.

OhridNews