Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, дизелот поскапува за три денари, а цената на бензините останува непроменета.

Дизелот ќе се продава по цена од 71,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 за 76 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 77,5 денари за литар.

За три денари се зголемува и малопродажната  цена на екстра лесното масло за домаќинство кое сега ќе се продава по цена од 60 денари за литар, а се зголемува и малопродажната цена на мазутот која ќе изнесува 43,481 ден/кг.

Од Регулаторната комисија за енергетика посочуваат дека зголемувањето се должи на повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и на курсот на денарот во однос на доларот.

OhridNews