На многу познати дами ноќта во петокот им била резервирана за посета на отворената изложба на Дајен Вон Фурстенберг во Лос Анџелес, на која присуствувала и славната холивудска ѕвезда Гвинет Палтроу.За разлика од повеќето дами кои таа вечер се одлучиле за легендарниот DvF фустан на преклоп, Гвинет облекла комбинезон со потписот на познатата американска дизајнерка, и многумина ги оставила без здив.

Црниот комбинезон со широки ногавици се истакнува со длабоко деколте, кое убавата блондинка самоуверено го носела, а комплетниот изглед е зачинет со класични салонки и кафена ташничка од крокодилска кожа.