15 годишниот охриѓанец Мартин Колоски е еден од организаторите на протестите против ГМО-храната, кој изминатиов викенд се одржа на градскиот плоштад во Скопје, јавува „Дневник“.
Како што пишува медиумот, дел од приварзаниците на фејсбук-групата „Стоп за ГМО во Македонија“, чиј основач е токму Мартин, на протестите порачале да се забрани влез на сите продукти од прехранбената индустрија и храната за животни, што содржи генетски модифицирани состојки.
„Да се поттикнува домашното производство на здрава органска храна, зеленчук, овошје и месо, храна без отрови, храна што ги задоволува потребите на организмот, наспроти ГМО-храната, која нема никаква нутриционистичка вредност, а содржи големи количини отрови, поради што предизвикува рак, стерилитет, бубрежни и срцеви заболувања, дијабетес, имунолошки и други болести.“ – пишува „Дневник“.
Повеќе во електронското издание на „Дневник“.
извор: „Дневник“