Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 21 степен Целзиусов, информираат од УХМР Македонија.
Според најавите утре земјава ќе биде под влијание на влажна воздушна маса која ќе донесе обилни врнежи од дожд на места во форма на невреме пропратено со грмотевици. Дневната температура ќе се движи во интервал од 22 до 28 степени Целзиусови. Во среда се очекува стабилизација на времето и пораст на дневните температури за два степена.
OhridNews