Деновиве во Охрид, можат да се забележат екипите на Јавна хигиена и зеленило како ги отстрануваат и метат паднатите лисја од улиците низ градот. Околу 30 кубици лисја дневно,  се собираат рачно и со механизација од тротоарите, коловозите и парковите во централното градско подрачје.


Како што најавуваат од ЈП „Охридски комуналец“, во наредните денови оваа акција ќе се интензивира со цел зелените и јавни површини во градот да бидат чисти за периодот кој доаѓа.

OhridNews