Со шоуто „Импровокација“ вчера вечер започна 8-то издание на „Summer Comedy Marathon“ во Охрид.
Култното шоу беше изведено на матичната сцена на Народен Театар Охрид – малата сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“.
Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски, Никола Јосифоски и Филип Ангеличин Жура, на публиката и приредија вистинско уживање исполнето со креативен хумор.
Инаку, „Summer Comedy Marathon“ годинава ќе понуди 21 шоу од кои дел се веќе познати на публиката, стандардни, но во обновена форма. Публиката ќе може да ужива во квалитетна понуда со домашни локални изведувачи, но и со гости од надвор како што е шоуто „Best of Balkan“ на 27 јули на Долни сарај, на кое ќе настапат најпознатите стендап комичари од Балканот.
„Summer Comedy Marathon“ се одржува до 13 август.
Г.М.