Во Годишниот извештај , фирмите ги пријавуваат податоците за физичките лица од кои вршеле откуп на земјоделски производи, шифра на дејност од НКД според дејноста која ја обавува физичкото лице и износот на исплатениот приход.
Пополнетиот Годишен извештај, фирмите треба да го достават до даночните канцеларии на УЈП (според седиштето на даночниот обврзник) или по електронски пат преку е-Даноци, најдоцна до 15 февруари 2013 година, кога истекува и законскиот рок за исполнување на оваа обврска. Образецот може да се преземе и преку веб страницата на УЈП.
Доколку до 15 февруари, фирмите не достават Годишен извештај (“ПДД-ГИ/ОЗП”) за исплатите на граѓаните по основ на откуп на земјоделски производи, законот предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, а за направениот прекршок на одговорното лице на фирмата, пропишана е глоба во износ од 750 евра во денарска противредност.