Во Охрид до 17 часот гласале 22.717 лица или 43,96% од запишаните гласачи во избирачкиот список. Во Дебрца, пак, гласале 1.899 лица, односно процентуално 48,22%  од вкупно запишаните гласачи. Гласањето се одвива тековно и мирно.

Во Охрид се гласа на 87 избирачки места, а во единствениот избирачки список регистрирани се 51 717 лица. Во Дебрца се гласа на 23 избирачки места, а во избирачкиот список запишани се 3938 гласачи. Избирачките места се затвораат во 19 часот.

Н.С.Ј.