Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија.
Во Охрид излезноста изнесува 48,22%, односно гласале 25 331 граѓанин од вкупно запишаните во избирачкиот список 52 580.
Во Дебрца гласале 2 438 од запишаните 3 937 во Избирачкиот список односно 62,04%,
Во Струга излезноста е 40,58%, додека во Вевчани 69,78%.
На ниво на државата излезноста е 46,46%, односно излегле да гласаат 827 020 граѓани.
Од Државната изборна комисија информиаат дека има три општини во државава кои во моментов имаат помалку од една третина на излезност од вкупниот број на запишани во избирачкиот список во општините.
OhridNews