Рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 јануари 2026 година.

Како што информираат од Министерството за образование и наука правото на субвенциониран студентски оброк можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Од Министерството посочуваат дека условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот, а за поддршка при аплицирањето може да се обратат преку е-пошта: [email protected].

Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, потенцираат од МОН.

Воедно, додаваат дека поради законска регулатива за засилена автентикација при бесконтактни плаќања на ПОС терминали, студентите ќе треба да го внесат ПИН кодот за трансакциите да бидат успешни.

OhridNews