Како што информираат од подрачното одделение на министерствоото за правда, до денес поднесени се две листи за избор на членови во советот, за што потребна е подршка од најмалку 350 потписници.
Како што OhridNews дознава едната е поднесена од страна на актуелниот советник, Кујтим Усеини, а во текот на денот се очекува предлог- листа да поднесе уште еден советник.
Како што објаснуваат од министерството за правда, еден граѓанин може да се потпише само на една предлог- листа за избор на советници.
Јавниот увид во Избирачкиот список, кој се врши во подрачното одделение на министерството за правда секој ден од 8.30 до 19 часот, завршува на 9- ти февруари на полноќ.
Граѓаните имаат можност да проверат дали нивното име се наоѓа во списокот и доколку е потребно да интервенираат со цел да се дополнат или избришат некои податоци.
Во општина Охрид на претстојните локални избори ќе се гласа на 73 избирачки места.